Словенечкиот скијач Мартин Чатер е победник на првата трка во спуст сезонава во рамките на Светскиот куп откако беше најбрз во италијанскиот Вал д’Изер. Чатер, стартуваше со бројот 41 и ги изненади фаворитите, во напната и тесна трка, ја запиша првата победа во Светскиот куп. Тој за 0.22 секунди беше побрз од Австриецот Отмар Штридингер, а за 0.27 секунди побрз од Швајцарецот Урс Кријенбил.
Да потсетиме вчера во Вал д’Изер во супервелеслаломот исто така се случи изненадување, триумф на Швајцарецот Мауро Кавизел, негова прва победа во кариерата.
Следните трки се во италијанската Вал Гардена и тоа во супервелеслалом и спуст.