Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација Ото Бариќ почина денеска на 87 години како последица на коронавирус. „Хер Ото“ е роден во Австрија, а во оваа земја ги оствари најголемите успеси како фудбалер, со Рапид Виена освои три шампионски титули и играше финале во КПК во 1985 година. Со Салцбург стигна до финале на Купот на УЕФА 1994 година, а со оваа екипа освои две шампионски титули.

Инаку два пати беше тренер на Динамо Загреб, а работеше и како тренер на Цибалија. Од 2002 до 2004 година беше селектор на Хрватска и ја предводеше селекциата на ЕУРО 2004.