Лусиен Фавре денеска стана „екс“ на клупата на Борусија Дортмунд. Искусниот швајцарски стручњак доби отказ од клупата, по вчерашниот пораз од Штугарт со 1:5.

Борусија веднаш назначи нов тренер на клупата, и тоа во името на младиот Един Терзиќ. Овој човек е анонимус во фудбалот во Германија, затоа што досега бил само помошник, меѓу кои и на Фавре во Борусија.

Терзиќ бил најпрво помошник на младите категории на Борусија Дортмунд, потоа и на Бешикташ и на Вест Хем кога овие два тима ги водеше Славен Билиќ. Беше асистент и на Фавре. Има само 38 години, и ја доби довербата до крајот на годината да ја води екипата.

Борусија го следи примерот со Баерн, кој го назначи Ханс Флик на местото на тогаш Нико Ковач, и тој направи „бум“ во тимот на „Баварците“.

Терзиќ е роден во Германија, целата играчка и тренерска кариера ја минува таму, но има потекло од БиХ. Од 2018 има про лиценца на УЕФА. Еве му шанса да покаже што знае.