Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, вечерва на гостувањето кај Џенова повторно запиша нови два гола за „Старата Дама“ (и двата од пенал“ со што стигна до 10 постигнати гола на 7 натпревари во лигата оваа сезона.

35-годишниот напаѓач се израмни со напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ на врвот на листата на најдобри реализатори со по 10 гола. За разлика од Роналдо, Ибрахимовиќ одигра 6 натпревари во Серија А оваа сезона.

Третото место на листата е за Лукаку од Интер кој досега постигна 9 гола вод ресот на „нероаѕурите“.