Од вчера Лусиен Фавре не е повеќе тренер на Борусија Дортмунд, него ќе го менува, барем засега, неговиот помошник Един Терзиќ. Инаку доцна синоќа почнаа шпекулациите околу тоа дека на повидок е “војна“ меѓу двете Борусии, Дортмунд и Менхенгладбах. Имено како што се пренесува, “милионерите“ имале начелен договор со Марко Розе, сегашниот стратег на Менхенгладбах во јуни да дојде на „Сигнал Идуна Парк“. Сега како на тоа ќе реагира неговиот сегаен клуб останува да се види, ако се знае каков анимозитет има меѓу овие два клуба.

Марко Розе со Менхенгладбах сезонава прави фантастични работи, посебно во ЛШ каде во група со Реал, Интер и Шахтјор дојде до второ место и пласман во 1/8 финалето. Неговиот тим важи за, после Баерн Минхен, за најатрактивен во Бундеслигата во поглед на офанзивата. Секако со него, со Халан, Санчо и останатите во Дортмунд тоа ќе биде супер тим.

Инаку Розе, пред да дојде во Менхенгладбах, успешно го водеше и Ред Бул Салцбург, а во летото 2018 година беше и во Скопје каде во квалификациите во ЛШ ја елиминираше нашата Шкендија.