Шест дена после инцидентот во Париз, во кој романскиот судија Себастијан Клотеску беше обвинет за расизам, Демба Ба, играчот кој што го критикуваше судијата на натпреварот, го повикал арбитарот од Романија, за да ги надминат недоразбирањата.

Разговорот го „средил“ поранешниот сенегалски репрезентативец Давид Н’Доје кој откри дека двајцата разговарале, и дека ги надминале несогласувањата. Ба наводно му рекол на Клотеску дека не смеел да го употреби тој збор, а романскиот судија дека разбира, но дека не го сторил тоа намерно.

Н’Доје открил како се одвивал разговорот меѓу двајцата.

„Голем сум љубител на мирот. И Клотеску и Демба ме повикаа затоа што разговарале, и беа импресионирани од добриот разговор. Сигурен сум дека тоа било само недоразбирање. Знам какви се Романците. Никогаш сум немал проблем таму со расизам. Го најдов бројот на Клотеску, го повикав затоа што знаев дека можам да му дадам поддршка, знам дека не е расист“, рече Н’Доје.