Ненад Димитријевиќ и Хувентуд на домашен терен го совлада Уникс Казан со 84-77 во втората пресметка сезонава во Еврокупот. Македонскиот репрезентативец има неверојатна вечер, во првото полувреме за нецели осум минути постигна 17 поени.

Но, не беше само тоа. Во самиот финиш гостите успеаја да се вратат во игра за победа, благодарение на четирите поени на репрезентативниот плејмејкер Хувентуд успеа да поведе со 83-79 и да ја осигура шестата победа во ова натпреварување.

На крајот Димитријевиќ зад своето име запише 23 поени (1/3 за три, 6/7 за два, 8/8 за еден поен), две асистенции, еден скок и една украдена топка.