Предсезонските мечеви во НБА-лигата продолжуваат. Во центарот на вниманието е Лука Дончиќ. Словенецот е главната причина за вториот триумф над Милвоки (112-128), постигна 27 поени, осум скока и четири асистенции, и најави дека дефинитивно влегува во трката за МВП титулата во новата сезона.

Дончиќ за време на пауза се чини малку повеќе се опуштил, низ социјалните мрежи има бројни фотографии од неговото стомаче. Но, забелешките, ниту пак вишокот килограми не му пречат, тој и натаму игра фантастично.

По завршување на дуелот, го прашаа токму на таа тема:

„Лука, што ќе кажеш на тоа дека медиумите те нарекуваат дека си „буцкаст“?

-Што да кажам за тоа, никогаш не сум бил слаб – е краткиот одговор на Дончиќ.


Јанис Адетокумбо исто така беше на ниво на задачата, зад своето име запиша 24 поени и 14 скока, но тоа не беше доволно за победа на својот тим.

Резултати: Кливленд – Индијана 116-106, Шарлот – Торонто 109-112, Мајами – Њу Орлеанс 92-114, Милвоки – Далас 112-128, Минесота – Мемфис 104-123, Јута – Феникс 111-92.