Милан и натаму го држи првото место во табелата во Серија А и покрај киксот против Парма (2-20) во неделата. Во составот го немаше Златан Ибрахимовиќ кој наскоро треба да се врати на терените и да ја продолжи битката за Скудетето.

Шведскиот напаѓач и на 39 години не ги крие амбициите.

„За да останам фит, многу тренирам. Мојата филозофија е да работиш вредно, се сè враќа. После 30-та година мора да работите многу повеќе за да се чувствувате добро. Враќањето во Милан беше мојот редизвик, бидејќи тимот не беше на врвот. И пред мене играчите се враќаа, но не успеаја да играат исто во двата мандати. Си реков 0 ќе бидам Златан Ибрахимовиќ и ќе ги променам работите“, изјави Ибра за „Газета дело Спорт“.

Тој верува во освојување на титулата.

„Момците мора да бидат храбри, не смееме да се плашиме. Успеав да ја променам харизмата на соиграчите и мораме да веруваме во себе, дури ако сме постари. Никогаш не смееме да се откажеме“.