Напаѓачот на Ајакс, Квинси Промес е ослободен од притвор, откако беше уапсен под сомнение за напад со нож, објавија медиумите во Холандија.

Обвинителството нема причина да го продолжи притворот за 28-годишниот играч. Обвиненијата против фудбалерот не се повлечени. Промес беше уапсен во неделата. Според обвинението, тој се скарал со член на неговото семејство за време на домашна забава во јули и неколкупати го прободел својот роднина. Една од повредите се покажала како сериозна.

Доколку биде осуден, 28-годишниот холандски државјанин може да се соочи со затворска казна од четири години.