Еден Азар е во завршна фаза на опоравување од уште една повреда. Според „Марка“, фудбалерот веќе започнал да тренира со тимот што е добар знак за престојните важни средби кои ги очекуваат „кралевите“.

Според весникот, Еден може да биде вклучен во тимот на Зидан за мечот од 14. коло против Еибар. Инаку, Белгијанецот се поовреди на мечот од 11. коло со Алавес (1:2). Подоцна, му беше дијагностицирана повреда на мускулот на бутот.

Во тековната сезона, Азар одигра 6 натпревари за Реал Мадрид.