Мануел Нојер несомнено е еден од најдобрите голмани не само во сегашноста, туку и на сите времиња. Веќе освои се што може да се освои со тимот на Баерн Минхен, а нечесто прави и чуда на теренот.

Така често го гледаме како игра како последен стопер, без страв излегува на 40 метри од својот гол. Има феноменален преглед на играта, и тешко му се дава гол.

На мечот со Унион Берлин, иако резултатот беше активен за противникот, сепак, Нојер се реши на едно невообичаено додавање. Откако ја имаше топката во своите раце, од зад грб ја упати кон неговиот соиграч. И навистина, само голманот на Баерн Минхен може да направи вакво нешто и тоа на сред важен натпревар.

Погледнете: