Угледниот фудбалски магазин “Франс фудбал“ го прогласи Пјерлуиџи Колина за најдобриот судија на сите времиња. Се истакнува дека тој е еден од оние кои ја испишаа фудбалската историја.

Поради пандемијата со Ковид-19, “Франс фудбал“ не ја додели Златната топка за 2020 година, но затоа го прогласи најдобриот тим во историјата на фудбалот.

А денеска го прогласи Италијанецот кој има 60 години за најдобриот судија на сите времиња.

Кога се во прашање судиите, тогаш првото име кое ќе ви падна на памет секако дека е Колина. Од своето деби во 1977 година па се до 2005, тој ја испиша историјата“ велат од “Франс фудбал“.

Инаку Колина во текот на својата кариера судеше на 240 натпревари во Серија А, а има и 109 меѓународни натпревари. Го судеше финалето на СП во 2002 година меѓу Бразил и Германија.