Македонскиот репрезентативец, Езџјан Алиоски го постигна првиот гол во Премиер-лигата, неговиот Лидс со убедливи 5-2 славеше против Њукасл.

По средба Алиоски се најде во центарот на вниманието, вели дека не е важно кој ќе го постигне голот, само со таков став неговиот тим може да остварува победи.

„Секогаш е убаво кога се победува. Оваа победа е важна за нашиот морал, за мотивацијата и за тимскиот дух. Никогаш не се предаваме, секогаш веруваме во себе и во стилот на игра, успехот ќе дојде само треба да продолжиме да работиме напорно, тогаш ќе бидеме среќни. Ни се допаѓа како играме и кога не победуваме, иако некогаш сме тажни потоа.

Се обидуваме да го извлечеме максимумот, понекогаш резултате не се како што посакуваме, но одиме на следниот меч и веруваме во себе. Постигнавме пет гола, кои ги дадоа различни фудбалери, среќен сум што се запишав во листата на стрелци. Мојот гол најдобро ја отслика играта на Лидс, петмина наши фудбалери беа во шеснаесетникот во тој контранапад. Ми се допадна транзицијата од одбрана во напад, не е важно кој ќе го постигне голо.“, изјави Алиоски по својот прв премиерлигашки погодок.

Следен против за македонскиот репрезентативец и неговиот тим е Манчестер Јунајтед.