И покрај тоа што се чинеше дека е крај со мега скандалот кој се случи во рамките од натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Башакшехир, откако излезе информација дека Демба Ба се слушнал со судијата Клотеску и ги надминале недоразбирањата, играчот на турскиот тим се огласи и истакна дека не е завршено.

Тој алудираше на тренерот на ПСЖ, Томас Тухел кој го обвинува за отсуство на поддршка во овој случај.

„Им симнувам капа на играчите на ПСЖ. Можеа да останат на теренот и да кажат „ние сакаме да играме“. Одлучија дека не сакаат. Сакав да знаат сите како тренерот Тухел не третираше. Кога ќе го видам следниот пат, ќе ме слушне поради тоа. Разговараше со нашите играчи и не обвинуваше за тоа што се случува“, рече Демба Ба.