Хувентуд продолжува во посакуваниот ритам. Тимот од Бадалона им се врати на победите во Лига Ендеса го совлада Обрадорио на гостински терен со 83-87 во меч од 10. коло. Со овој триумф, Хувентуд е на петото место на табелата со скор од 9-4.

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ постигна пет поени (0/4 за три, 2/2 за два, 1/3 за еден поен), за нецели 15. минути постигна еден скок и асистенција.

Двата тима одиграа неизвесен натпревар кој се решаваше во последната четвртина, Хувентуд имаше негатива од 83-76, со серијат од 11-0 дојде до целиот плен.