Роберт Левандовси ја освои наградата за најдобар фудбалер за 2020 година во изборот на ФИФА пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Во изборот учествуваа селектори, капитените на националните тимови, како и новинарите од секоја земја членка на ФИФА.

Фудбалерот на Баерн освои 52 бода, додека Роналдо 38 и Меси 35.

На социјалните мрежи и интернет портали има бројни коментари, во јавноста се огласи бугарскиот напаѓаќ, Бербатов.

„Изненаден сум што двајцата фудбалери се финалисти. Не можам да разберам зошто се тука“, се вели во колумната на Бербатов.

„За жал, фудбалот е работа зад сцената, каде се и агентите. Не гледаме што се случува зад камерите“.

Тој смета дека Левандовски го заслужи признанието.

„Како и секогаш, имаа расправии кој е најдобар, но овој пат Левандовски заслужено победи“.