Листата на возачи во Формула 1 за 2021 година веќе изгледа како чиста формалност, откако денеска Ред Бул потврди дека Серхио Перез ќе биде нивниот втор возач за следната година.

Во целата листа на потврди, недостасува само една формалност, иако и Луис Хамилтон и Мерцедес потврдија дека наскоро ќе го презентираат договорот за нова соработка. Фактот дека Тото Волф веќе ги прошири своите договорни односи со оние на Хамилтон е нов симптом дека таа комуникација ќе даде резултат за неколку дена.

Денес претпоследното парче од мозаикот во Ф1 гридот го пополни Чеко Перез со потписот за Ред Бул. Тоа го остава Алекс Албон надвор и му ја затвора вратата на Нико Хулкенберг, кој исто така преговараше со Австријците. Тимот Хаас Ф1 пред неколку недели потврди дека Грожан и Магнусен нема да продолжат во 2021 година, а неодамна беа официјализирани потписите од американскиот тим со Мик Шумахер и Никита Мазепин.

Во продолжение комплетниот список на возачи со кој Ф1 тимовите ќе излезат на патеките следната година: