Борусија Дортмунд не можеше повеќе да го „трпи“ Лусиен Фавре и му врачи отказ што беше трета тренерска смена во Бундес лигата оваа сезона. Един Терзиќ, помошникот на Фавре кој е со потекло од Хрватска, а е и некогашен фудбалер на неколку германски нисколигаши седна на жешкото столче. Доби шанса која би сакал да ја искористи и да го покаже своето тренерско знаење.

Дебито на клупата на „милионерите“ го имаше против Вердер Бремен, а веќе вечерва на вториот меч ќе бара „два од два“. Борусија е на четвртото место на табелата, а Унион е шестопласиран.

А Унион по неуспехот против Аугзбург во првото коло, нема пораз на следните четири домашни натпревари во првенството. Да кажеме дека минатата сезона Унион на свој терен славеше против Борусија со 3:1.

Унион има доста проблеми со играчкиот кадар. Суспендиран е Андрих, а повредени се Крузе, Ингвартсен, Похјанпало, Шлотербек и Уџах.

А Борусија ќе го нема најдобриот напаѓач Ерлинг Халанд (стрелец на 10 гола во првенството досега) поради повреда, а од исти причини вон стројот се Азар, Шмелцер, додека се чека дозвола од лекарите за Дилејни, Хумелс и Мение.