Белгискиот стратег Хуб Стевенс ќе го спасува Шалке. 67-годишниот стратег по трет пат седнува на клупата на клубот од Гелзенкирхен. Оваа промена беше потребна. Под водство на Мануел Баун Шалке направија катастрофална серија од 28 натпревари без победа и се приближи до апсолутниот рекорд во Бундес лигата. Екипата е на дното на табелата и му се заканува испаѓање во Цвајте.

Стевенс ќе го води Шалке на последните два меча во 2020 година против Арминија во Бундес и против Улм во Купот, потоа ќе ја спрема екипата за пролетниот дел од сезоната каде што ја очекува тешка битка.