Рамон Ценхојзер од Швајцарија е сензационален победик во денешната слаломска трка во италијанската Алта Бадиа во рамките на Светскиот куп. 28-годишниот скијач имаше одличен ден и на општо изненадување заврши прв со само 8 стотинки подобро време во однос на второпласираниот Мануел Фелер, а 12 десетинки подобар од третопласираниот Марко Шварц.

Инаку Рамон е првиот Швајцарец кој триумфирал во слаломска трка во Светскиот куп после Марк Џини кој победи на 12 ноември 2007 во Рејтерлам.

Ова е втора слаломска победа во кариерата на Ценхојзер, првата ја оствари во Крањска гора во март 2019 година. Инаку тој има тимско злато со Швајцарија на Игрите во Пјонгчанг 2018 и на истите освои сребро во слаломот.
Исто така има тимско злато на СП 2019 во шведскиот Оре.