Како што дознаваме Јетон Беќири, еден од нашите најдобри млади тренери би можел да седне на клупата на Аполонија, тим од елитната лига на Албанија. Тим кој што во моментов е на дното на табелата во тамошната прва лига, но со амбиции да избори опстанок, посебно ако се знае дека има одлична инфраструктура.

Аполонија и Беќири имале контакт, доставена била и понуда до нашиот стратег, но допрва ќе се знае дали истата ќе биде прифатена.

Инаку Беќири во својата кариера работеше во Албанија, и тоа во тимот на Фљамуртари, а претходно беше тренер на Дрита кога ја внесе во ПМФЛ, во три наврати беше тренер и на Шкендија, а исто така и Струга Трим Лум ја внесе од втора во прва лига.