Работнички – Еуроникел 89:85. Тоа е исходот од натпреварот одигран во „Кале“ вечерва. Најтрофејниот кошаркарски тим мораше многу порано да го реши победникот, но со огромниот „пад“ во третиот и во четвртиот период, беа стигнати, иако на полувремето имаа неверојатни 17 разлика предност. Па дури и негатива во последниот период.

Првиот период му припаѓа на гостите, а потоа втората четвртина убедливо ја доби Работнички, дозволувајќи само 12 поени на противникот, за предност од 54:37.

Во третата четвртина огромна криза на Работнички, а Еуроникел се буди во финишот. На стартот од четвртиот период продолжува тонењето на „дебармаалци“, а потоа и водство за Еуроникел (78:77). Работнички се враќаше, но ја немаше онаа висока предност.

Петровски даде тројка на 1:50 до крај за ново водство на Еуроникел и неизвесност во финишот, но следуваа две тројки на Вашингтон за предност од +4. Казарновски од Еуроникел нма крајот загуби неколку топки во клучните мигови, со тоа Работнички ја доби „драмата“ на крајот.

Ова беше прв меч на Работнички по еден и пол месец пауза, и дојде до четвртиот триумф во исто толку мечеви.