Дарко Панчев со 11 голови, е најефикасен македонски фудбалер во Лигата на шампионите на сите времиња. Некогашниот фудбалер на Црвена Звезда, до оваа бројка и ова признание стигна благодарение на головите со кои Звезда во 1991 година дојде до титулата европски првак.

Панчев се најде во заедничко друштво со Иниеста, Маркус Рашфорд, Андрес Иниеста, Улф Кирстен, Матеја Кежман, Ален Бокшиќ и други познати играчи кои имаат исто толку голови.

Прв на вечната листа на најдобри стрелци во ЛШ е Кристијано Роналдо со 135 голови, пред Лионел Меси кој има 118.

Инаку, интересно, на листаа се најде и Љубинко Друловиќ, кого УЕФА го напиша дека е Македонец.

УЕФА ја објави и листата на играчи со најмногу настапи во ЛШ, односно на оние кои имаат преку 50 настапи во „елитата“. На неа нема ниту еден Македонец.