Европската куќа на фудбалот ја објави листата на најуспешните тимови во ЛШ на сите времиња. На неа ги има и македонските тимови кои избориле учество во најелитното натпреварување, а прв од сите е Вардар.

Најтрофејниот македонски тим Вардар во осум учества во најелитното натпреварување и одиграни 24 меча, оствари пет победи и осум нерешени средби, што е најуспешен клуб од сите македонски клубови. Вардар се најде на 149. место.

Следува Работнички кој се најде на 188 позиција со три победи и шест нерешени средби од 14 средби во „елитата“. Следува Шкендија на 258-мото место со три победи, едно „реми“ од 10 меча. Слога Југомагнат е на 303 позиција со само една победа од десет меча.

Силекс е 351-во место со исто така една победа и само едно реми и три порази во петте меча во ЛШ. Победа со две ремија и два порази се најде на 389 позиција, Македонија ЃП на 480 место со два порази од исто толку меча, и Ренова на 489 позиција со исто така два порази од два меча во ЛШ.

Треба да се напомене дека скорот на Вардар можеше да биде и подобар ако се земе во предвид дека тимот на зеде учество во ЛШ оваа година поради тоа што не доби лиценца поради неисплатени плати.

Најуспешен тим во ЛШ Реал Мадрид, па следуваат Баерн Минхен, Барселона, Манчестер Јунајтед, а во топ 10 се уште и Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс.