Јувентус се вклучи во трката за потписот на Мемфис Депај. Одличниот играч на Лион е баран од големите клубови, а летоска беше блиску да се пресели на „Камп Ноу“.

Откако тоа не се случи, сега како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува токму тимот од Торино, кој сака да го види Холанѓанецот уште во јануари.

Оштетата би требало да изнесува некаде околу 40 милиони евра.