Одамна е познато дека деновите на Давид Алаба во Минхен се броени. Австриецот е незадоволен од понудата на Баерн за новиот договор, според кој тој требаше да добие близу 20 милиони евра годишно, па зимава ќе преговара со клубови кои можат да понудат и повеќе од тоа. Секако тоа е Сити, Јунајтед, Челзи но сепак, шпанските медиуми велат денеска дека Алаба е на пат за Мадрид.

Реал е подготвен да му даде 25 милиони евра годишна плата, со што конечно финансиските апетити на 28. годишниот бек ќе се задоволат и тој ќе замине на „Сантијаго Бернабеу“.

Околу целата ситуација свој коментар даде и легендарниот Оливер Кан, кој ќе ја преземе функцијата претседател на клубот во 2022 година.

„Секако дека не е лесно да се загуби таков играч но моравме да си позтавиме некакви граници, лимити на однесување. Кога агентите не можат да разберат дека сме во финансиски специфична ситуација, доаѓа до вакви моменти“, изјави Кан.