Како што се очекуваше, француски Нант денеска и официјално го објави назначувањето на Рајмонд Доменек за нов тренер. Поранешниот селектор на Франција се враќа на фудбалот по повеќе од десет години по завршувањето на неговата авантура на чело на „триколорите“.

Поранешниот селектор на младинците на Франција (1993-2004), а потоа и на А-селекцијата (2004-2010), кој на 24 јануари ќе го прослави својот 69-ти роденден, е назначен за тренер на Нант, каде треба да има мисија во обезбедување место на „канаринците“ во Лига 1 и следната сезона.