И официјално Реал Мадрид започна преговори со Манчестер Сити по повод евентуален ангажман на играчот за врска на “граѓаните“ и репрезентацијата на Англија, Фил Фоден. Ова го тврди “Мирор“, кој е познат по “бомбастични“ најави за мега – трансфери.

Пред Фоден е голема перспектива, па така навистина е чудно како тоа оваа сезона неговиот тренер Пеп Гвардиола му даде шанса да биде стартер само на пет натпревари. Но тоа е Пеп, некогаш прави нерезонски работи.

Не е познато колку е подготвен Реал да плати за младиот Англичанец, но факт е дека тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на клубот од “Етихад“, кога станува збор за заминувања.