Екс грчкиот репрезентативец и интернационалец Панајотис Коне е нов спортски директор на тимот на АЕК. Тој доаѓа на местото на Илија Ивиќ досегашниот вршител на оваа функција.

Смена е извршена и на тренерската функција каде што досега беше италијанецот Масимо Карера. На негово место доаѓа шпанецот Маноло Хименез.

За Коне ова е прво работно искуство како фудбалски функционер откако на 33. годишна возраст ја заврши играчката кариера. Истата главно се одвиваше во Италија каде што играше за Бреша Болоња Фиорентина и Удинезе.