Според денешен Кориере Дела Сера преговорите помеѓу Милан и Џиџи Донарума се во полн ек. Клубот на маса ја постави најновата понуда која гласи седум милиони евра по сезона за голманот.

Од друга страна пак, агентот на Донарума, Мино Раиола веќе објави дека голманот има отворени понуди од Интер односно Јувентус, а јавна тајна е дека тој бара плата од 7.5 милиони.

Актуелниот договор на Донарума со Милан истекува на лето.