Кил и Веспрем приредија фантастично полуфинале, видовме вистинска драма која беше решена по продолжение. Победата ја однесе германскиот тим (36-35) во финалето ќе игра против Барселона. Германскиот клуб имаше шанса мечот да го реши многу порано, во првиот дел имаше позитива од седум гола, а по одморот и плус шест, но унгарскиот првак се врати во мечот за вистинска драма, како што личи на една Ф4 завршница.

Неверојатен кам-бек на Веспрем во второто полувреме. Унгарскиот првак имаше негатива од шест гола 22-16, се издигна од пеколот, налик на вардаровата бајка од минатата година во Келн. Со серија од 2-12, која почна со македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, продолжи Борозан, Мораеш, а одлична работа заврши голманот Коралес поведе со 24-28 во 50. минута.

Но, германскиот тим не падна, очекувано се пет гола во низа поведе со 29-28 на три минути до крајот. На другата страна Веспрем влезе во нова црна серија, шест минути без гол. Манасков пресече топка, неговиот тим изедначи на 29-29. Веспрем не искористи напад, Дувњак укарде топка, но мечот отиде во продолжение. Таму видовме исто рововска битка.

Манасков постигна два гола и имаше две украдени топки, сите во вистинско време, но на крајот не беа доволни за финале. Кај победникот, Пекелер со осум гола и Екбер со седум погодоци беа најефикасни, на другата страна Борозан и Маргуч имаа по седум гола.

Претходно во првото полувреме Кил имаше плус седум (17-10), Веспрем не поведе ниту еднаш, а на одморот беше 18-13.

Финалето се игра утре со почеток во 20:30 часот.