Нашиот футсал шампион, тимот на Шкупи, пред кого е меч од 1/16 финалето во Лигата на Шампионите против Керсон Запорожје од Украина на овој месец, вчера и официјално го промовираше своето големо засолување. Станува збор за Халим Селманај, футсалџија од Косово кој игра за селекцијата на Албанија. Важи за еден од најдобрите голгетери на овие простори и ќе биде огромно засилување за нашиот првак.

Селманај доаѓа од тимот на Либурн, а претходно играч за Тирана и Динамо Тирана.

Има 28 години а во 2017 година од УЕФА беше рангиран како второпласиран, веднаш зад Кристијано Роналдо, во однос на постигнатите голови на едно издание во европските купови.