Јувентус во своите редови во јануари ќе доведе уште еден напаѓач, кој би бил замена за Алваро Мората при евентуално отсуство на Шпанецот. Така во прв план е враќање на Фернандо Љоренте во Торино .

Љоренте во моментов е во Наполи, но таму не довива никаква шанса, па така би можел да се упати кон Торино, каде што беше од 2013 до 2015 година, а потоа играше и во Премиерлигата.

Освен Љоренте, една од опциите е и Леонардо Павалети од Каљари. Има и трета варијанта која се вика Оливие Жиру.