Напаѓачот на Монца, Марио Балотели го постигна својот деби гол за новиот клуб по само 4 минути од стартот на денешниот меч на неговата Монца и екипата на Салернитана во Серија Б лигата. Монца победи со убедливи 3-0 против лидерот на табелата и потврди дека останува сериозен кандидат за пласман во италијанската елита следната сезона.

Ова беше прв натпревар за 30-годишниот Балотели, кој се приклучи во својот нов тим на 7 декември 2020 година како слободен агент.