Македонската одбојкарска репрезентација претрпе два порази на првите контролни дуели со една од најголемите одбојкарски сили на Стариот континент, Бугарија, во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2021. Двата меча се одиграа како дел од 44. издание на меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, а по денешниот втор меч, организаторот подели и награди за најдобрите.

За МВП на турнирот беше прогласен бугарскиот репрезентативец Александар Николов, додека наградата за најдобар техничар, која традиционално се доделува на турнирот, ја доби нашиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев.