Поранешниот фудбалер на Барселона, и екс тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио Сакристан, е во вештачка кома во болница во Ваљадолид откако му се слошило во четвртокот во еден локален бар.

Сакристан одеднаш се онесвестил, и при падот со главата удрил во подот, а лекарите сметаат дека сето тоа предизвикало проблеми со мозокот.

За да се избегне притисокот на мозокот, Сакристан е ставен во вештачка кома, но лекарите велат дека неговата ситуација е стабилна, и дека ќе биде под силен лекарски надзор во следните 72 часа кои се клучни.

Сакристан го предводеше тимот на Реал Сосиедад на натпреварите против Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.