ФОТО: ПЕТР СТОЈАНОВСКИ

Македонија во сега веќе изминатата 2020 година, го забележа најголемиот успех во историјата на фудбалот. Репрезентацијата се пласираше на Европско првенство по победата над Тбилиси.

Радоста по последниот свиреж на судијата беше неизмерна. Се славеше најпрво на теренот, потоа и во салата за прес-конференција, во соблекувалната, а потоа на граничниот премин Блаце, беа пречекани од македонските власти.

Фудбалерите мораа да слетат во Приштина, поради голема магла на скопскиот аеродром. Поради пандемијата од коронавирусот, немаше дочек од навивачите, па така само неколкумина ги пречекаа по враќањето од Грузија.