Да се најде вистинскиот рецепт за добивка во обложувалница не е лесна работа. Статистики, повреди, традиции, тактика, форма, важни и неважни натпревари, местенки, дојави… Што од ова ќе искомбинирате и ставите на тикет е пресудно за добивка. Арно ама, „есапот дома и на пазар“ не е ист. Колку и да изгледа лесно да се потпреме на еден сегмент од статистиката, никогаш не е едноставно да се најдат вистинските три-четири типа. Прво да ви се погоди колото. Второ да продолжи низата. Трето… среќа! Таа некако е судбинска, па затоа и не случајно се е „Игра на среќа“.

На крајот на 2020-тата и на почетокот на оваа нова 2021-ва, ние се обидовме да сумираме каква беше првата половина од натпреварувачката 2020/21 за кладење. Скенирајќи ги бројките, статистиките и традициите, направивме листа на клубови и типови кои во првата половина од оваа натпреварувачка година имаа интересна повторувачка низа на одреден тип или игра.

Па ако им верувате на статистиките, да пробаме да го направиме вистинскиот кладилничарски рецепт за стартот на 2021. Еве кои „состојки“ ви ги нудиме ние, вие одберете ја „дозата“:

💯 4+ (г) МАНЧЕСТЕР Ј.  – На седум меча на гости во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ оваа сезона одиграа 4+, досега нема промашување.

💯 4+ (д) ДИНАМО (З) И САЛЦБУРГ – За разлика од Манчестер Ј., Динамо (З) и Салцбург се 100% сигурни за 4+ дома. И двата тима имаат 6 од 6 со 4+ дома оваа сезона во домашните првенства.

💯 2+ п.п. (д) МАНХАЈМ И ФОРТУНА СИТАРД – Мајстори за голови во прво полувреме на средбите кои си ги играат дома. Манхајм во 3. Бундеслига има 8 од 8, а Фортуна Ситард 7 од 7 средби завршени со 2+ прво полувреме.

💯 ГГ (д) ПОХРОНИЕ, ПОРТО Б, В. КОСТАНЦА – Похроние во Словачка, Порто Б во Португалија 2 и Виторул Костанца во Романија се „махери“ за ГГ кога играат дома. Оваа сезона сите нивни средби на домашен терен завршиле со ГГ – 100% ефект.

💯 ГГ (г) БОТОШАНИ, КЕФН ДРУИДС, БАЕРН (М) – Оваа тројка, пак, е 100% кога е ГГ во прашање, но кога играат на гости. Се што одиграа во првенствата оваа сезона, секако на гости, заврши со ГГ.

💯 0-2 (д) ФУЕНЛАБРАДА И СЛАВИЈА (С) – Ако сте „мераклии“ на средби без голови, тогаш 100% „сигурни“ ви се Фуенлабрада во Шпанија 2 и Славија Софија во Бугарија. Тие сезонава сите домашни мечеви ги завршија со 0-2 гола.

💯 0-2 (г) ВАТФОРД, ПОРДЕНОНЕ, АЛКОРКОН – Оваа тројка е без грешка ако ја играте на гости. Се што одиграа на гости во првиот дел од актуелната сезона заврши со максимум 2 гола.

⚠️ ПДГ БОРУСИЈА (М) – На 11 од 13 меча кои Борусија (М) ги одигра во Бундеслигата, без разлика дали дома или на гости, секогаш први постигнуваа гол. Без разлика како на крајот завршуваа натпреварите, Борусија во 85% од своите првенствени средби прва ги тресеше мрежите на противниците.

За оние кои сакаат да ловат добри коефициенти и „местачи“ еве имаме и за нив некои „кладиничарски состојки“.

‼️ 2-1 (д) САНТА ЛУЦИА – Овој малтешки прволигаш во првиот дел од сезоната на тамошното првенство на 3 од 7 меча на домашен терен одигра со пресврт 2-1. На полувреме губеа, на крај си победуваа. Квотите беа топ!

‼️ 0:1 ШЕФИЛД Ј.  – Махери за точен резултат 0:1 (или 1:0 на гости) оваа сезона досега беа фудбалерите на Шефилд Ј. Од вкупно 14 порази кои ги претрпеа досега, дури половина момците на тренерот Крис Вајлдер ги загубија со ист резултат – 0:1 (или 1:0 на гости).

⁉️ 7+ БАЛИНГЕР – Клуб кој во Европа се издвојува по бројот на одиграни мечеви со 7+ е германскиот регионаленлигаш, Балингер. Членот на германската Регионална лига (Југозапад) на 4 од вкупно 15 меча во првиот дел од сезоната одигра со 7+, а дури на 6 од 15 меча со 5+.

Со среќа и во 2021 година со поголеми добивки!