Според информациите од Франција, Маурисио Покетино пристигнал во Париз, каде се очекува да го преземе кормилото на Пари Сен Жермен. Аргентинскиот тренер, кој веќе една година е без работа, по напуштањето на клупата на Тотенхем ќе го смени Германецот Томас Тухел на местото тренер на „светците“ .

Клубот се очекува да го објави доаѓањето на аргентинскиот стручњак кој помина две години како играч во клубот. „Ас“ известува дека Покетино наскоро ќе биде во тренинг центарот за да го следи тренингот на тимот пред неговото деби на клупата на ПСЖ на 6 јануари против Сент Етјен.

Се претпоставува дека Аргентинецот ќе се обрати до медиумите во текот на денот, бидејќи дефинитивно ќе потпише договор со Французите.