Хјустон Рокетс на крилата на одличниот Џејмс Харден, стигнаа до првата победа во новата сезона во НБА Лигата.
Рокетси во неизвесен натпревар го победија составот на Сакраменто Кингс со 122:119, а Харден собра 33 поени. Одличен во победничкиот тим беше и Џон Вол кој заигра после две години пауза.
Јута Џез е поразен на домашен терен од Феникс со 95:106. Санс со 25 поени го предводеше Девин Букер.
РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Филаделфија 92:116
Хјустон – Сакраменто 122:119
Торонт – Њујорк 100:83
Оклахома – Њу Орлеанс 80:113
Јута – Феникс 95:106