Како што за СПОРТМЕДИА инфрмираат од Тиквеш, најдобриот стрелец во Втората лига – исток, Симеон Христов најмалку до јуни ќе остане во кавадаречкиот второлигаш. Имено Тиквеш и Христов се договориле тој и натаму да го носи дресот на овој тим.

Симеон Христов оваа зима е баран од неколку клубови од прват, но и од втората лига. Причината е јасна, тој со 10 постигнати голови минатата есен беше веројатно и најдобриот во таа конкуренција, но сепак Тиквеш не сака така лесно да се откаже од неговите голгетерски услуги, посебно ако се знае дека тој е миленикот на “лозарите“.