Голготата која што се случува на релација Арсенал – Месут Озил наскоро ќе заврши. Истата веќе трае неколку години, а во моментов го доживува својот пик. Германецот воопшто не е пријавен во составот на Арсенал, нема одиграно меч од март месец минатата година, а 32. годишниот фудбалер од 1 јануари може и официјално да преговара со други клубови за трансфер.

Неговиот актуелен договор со Арсенал истекува на лето, и тој може сега слободно да преговара за следната дестинација. Не дека има премногу понуди, со оглед на неговата форма, а Фенербахче е клубот кој во моментов најмногу го посакува. Озил сеуште нема кажано да за трансфер во Истанбул, особено што тој очигледно е решен да го испочитува договорот со Арсенал во потполност и на „Емирати“ да остане до лето. За информација, Озил заработува 350.000 фунти неделно.