Во таборот на “редси“ не можат да поверуваат што им се случува. Имено по повредата на Фелипе Кутињо во Барса значи дека ќе останат без 20 милиони евра. При трансферот во 2018 од Ливерпул во Барса, имаше клаузула ако Бразилецот одигра најмалку 100 меча до јуни 2021, тогаш Барса треба да му исплати бонус на Ливерпул од 20 милиони евра. Проблемот е што Кутињо против Еибар го повреди коленото и ќе биде во “аут“ најмалку четири месеци, а до сега тој има одиграно 90 натпревари. Тоа значи дека тешко ќе стигне до бројката до 100 мечеви, доволно Ливерпул да си го добие бонусот.