Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, со поразот од Манчестер Сити, дефинитивно го достигна дното на листата на тренери кои го воделе лондонскиот клуб во ерата на Роман Абрамович.

Со просек од само 1,67 бода на 55 натпревари, поранешниот репрезентативец на Англија е послаб и од Андре Виљаш-Боаш, кој досега имаше најнегативен рекорд со само 1,70 освоени бода по меч на клупата на „сините“.  Интересно е што првото место на оваа листа го зазема Аврам Грант, кој достигна солиден просек од 2,31 бода на натпревар.

Зад Грант е Мурињо, а по нив Антонио Конте и Карло Анчелоти, кои се единствени со просек од повеќе од два бода по натпревар.