Кандидатот за новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш испрати ветување до навивачите на Барселона дека Меси и натаму ќе биде дел од Каталонците.

Тој истакна дека ќе му биде понуден договор на капитенот, кој нема да може да го одбие.

„Лео рече дека ќе почека до крајот на сезоната да донесе одлука и тоа ни дава доволно време да изнесеме уверлив предлог, кој ќе го убеди да остане. Со Лео имам веродостојност, затоа што многу пати сум рекол нешто во врска со него кое се остварило. Знае дека кога нешто ќе ветам, тоа го остварувам. Поради тоа Меси ќе му дадам нешто кое не може да го одбие“, рече Лапорта.

Лапорта беше прв човек на клубот од 2003 до 2010 година кога Барса доминираше во Европа. Тој во моментов има најголема поддршка од навивачите.