Екипите во полуфиналето на ФА купот на Англија ќе имаат право да направат пет замени наместо досегашните три, соопшти денеска англиската фудбалска лига (АФЛ). Причината за одлуката е исклучително оптоварениот календар во Премиер лигата, но и во пониските лиги во Англија.

Премиерлигата веќе гласаше против предлогот, но АФЛ се консултираше со тимовите во полуфиналето и дозволи пет замени. Тотенхем, Брентфорд, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, покрај петте замени ќе добијат и по 9 резервни фудбалери на клупата за време на натпреварите.