Барселона се одлучи за еден невообичаен потег за гостувањето кај Хуеска. Имено, наместо со авион, играчите и стручниот штаб заминале на пат од 300 километри со автобус.

Тоа не е многу, но претходно на ова исто гостување, Каталонците заминувале со авион.

Шпанските медиуми пишуваат дека причината е тоа што во тимот се одлучиле да штедат. Така со овој потег, раководството на Барселона заштедило 30 илјади евра. Згора на тоа екипата освои три бода.