Возачот на Формула 1 тимот на Мекларен, Ландо Норис, бил позитивен на коронавирусот откако се заразил за време на новогодишните празници. Младиот Британец ќе биде сместен во двонеделен карантин, објави неговиот тим Мекларен.

Ландо ќе остане во истиот хотел во Дубаи каде што беше за време на празниците, а по карантинот и негативен тест, повторно ќе му се приклучи на својот тим.

„Ландо Норис вчера беше позитивен на КОВИД-19 во Дубаи. Тој ги помина празниците таму и се подготвуваше да се приклучи на нашиот тренинг камп. Откако го изгубил вкусот и мирисот, тој беше подложен на нормални тестови. Сега ќе остане во самоизолација во хотелот каде што е веќе 14 дена“, заклучува Мекларен.