Напаѓачот Александар Мишов повеќе не е дел од тимот на Академија Пандев. Младиот шпиц спогодбено го разкина договорот со струмичани и сега може слободно да си побара нова средина.
И двете страни зимава сметаа дека ваквиот развој на настаните е најдобар за двете страни и така и бидна што се вели.

Тој во изминатиот период често беше на релација Кавадарци  – Струмица, затоа што одеше на позајмица во Тиквеш, а ќе видиме дали зимава повторно ќе го засили тимот од својот роден град.